| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка прегазила двајца пешаци

policijaЖена-возач прегазила две лица со својот автомобил марка „матиз“, дознава „Курир“.

Несреќата се случила вчеравечер на Јужен булевар околу 23 часот кога скопјанката Б.В. со својот автомобил удрила во двајца пешаци, маж и жена, од кои едниот се здобил со полесни, а другиот пешак со потешки повреди.

На повредените им е укажана лекарска помош. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top