| четврток, 6 декември 2018 |

Жените се повнимателни возачи

Во 2015 го­ди­на од вкуп­но 148 ли­ца што го за­гу­би­ле жи­во­тот во со­о­бра­ќај­ни нез­го­ди, 29 би­ле же­ни, од кои две би­ле во­за­чи, а дру­ги­те спа­ѓа­ат во дру­га ка­те­го­ри­ја учес­ни­ци во со­о­бра­ќа­јот, од­нос­но пат­ни­ци и пе­ша­ци. Исто та­ка, со те­лес­ни по­вре­ди во 2015 го­ди­на се здо­би­ле 5.913 ли­ца, од кои 1.887 би­ле же­ни, а од нив 258 се во­за­чи

Же­на во­зи, бе­гај по­да­ле­ку – ти­пи­чен бал­кан­ски ко­мен­тар… Иди­от, ви­ди ка­ко во­зи, мо­ра да е жен­ско… – уште еден бал­кан­ски ко­мен­тар. Же­на­та во­зач се до­жи­ву­ва ка­ко опас­ност на со­о­бра­ќај­ни­ци­те. Но се чи­ни ста­ти­сти­ка­та се про­ти­ви на сте­ре­о­ти­пот што е соз­да­ден за же­ни­те што упра­ву­ва­ат мо­тор­ни во­зи­ла. Бро­јот на же­ни во­за­чи е мно­гу по­мал од бро­јот на ма­жи во­за­чи. Но про­цен­ту­ал­но зе­ме­но и бро­јот на со­о­бра­ќај­ни нез­го­ди што ги пре­диз­ви­ка­ле же­ни е мно­гу по­мал од тој што и пре­диз­ви­ка­ле ма­жи во­за­чи.

– Освен ка­ко пе­ша­ци и ве­ло­си­пе­ди­сти, де­нес сѐ по­го­лем број же­ни актив­но учес­тву­ва­ат во со­о­бра­ќа­јот и ка­ко во­за­чи на мо­тор­ни во­зи­ла и ка­ко мо­то­цик­ли­сти, а не­кои од нив и ка­ко про­фе­си­о­нал­ни во­за­чи. Ед­но­став­но, ста­ти­сти­ка­та во тој пог­лед се ме­ну­ва на днев­на ос­но­ва во на­со­ка на кон­ти­ну­и­ран по­раст на бро­јот на же­ни во­за­чи. Тоа са­мо по­твр­ду­ва де­ка пер­цеп­ци­и­те од ми­на­то­то за спо­соб­но­ста на же­на­та ка­ко во­зач се ме­ну­ва­ат и же­ни­те сѐ по­че­сто ја пре­зе­ма­ат уло­га­та на во­за­чи, ме­ѓу дру­го­то за­тоа што и тоа го на­мет­ну­ва­ат се­којд­нев­ни­те об­вр­ски и ди­на­ми­ка­та на жи­ве­е­ње. По­дел­ба­та на учес­ни­ци­те во со­о­бра­ќа­јот по пол, мо­же­би, и не е нај­со­од­вет­на, но ако ве­ќе пра­ви­ме одре­де­ни ана­ли­зи од тој ас­пект важ­но е да наг­ла­си­ме де­ка во 2015 го­ди­на од вкуп­но 148 ли­ца што го за­гу­би­ле жи­во­тот во со­о­бра­ќај­ни нез­го­ди, 29 би­ле же­ни, од кои две би­ле во­за­чи, а дру­ги­те спа­ѓа­ат во дру­га ка­те­го­ри­ја учес­ни­ци во со­о­бра­ќа­јот, од­нос­но пат­ни­ци и пе­ша­ци. Исто та­ка, со те­лес­ни по­вре­ди во 2015 го­ди­на се здо­би­ле 5.913 ли­ца од кои 1.887 би­ле же­ни, а од нив 258 се во­за­чи. Оваа ста­ти­сти­ка го­во­ри де­ка же­ни­те по­мал­ку стра­да­ат во со­о­бра­ќај­ни нез­го­ди во спо­ред­ба со ма­жи­те, што на­ве­ду­ва на тоа де­ка тие се по­од­го­вор­ни и по­со­вес­ни учес­ни­ци во со­о­бра­ќа­јот во спо­ред­ба со ма­жи­те – ве­ли Ри­сто Ман­чев, се­кре­тар на Ре­пуб­лич­ки­от со­вет за без­бед­ност во со­о­бра­ќа­јот.

Да­ми­те пра­ват по­мал­ку пре­кр­шо­циИстра­жу­ва­ње­то спро­ве­де­но од РСБСП по­ка­жу­ва де­ка 30 про­цен­ти од же­ни­те ни­ко­гаш не ја пре­че­ко­ру­ва­ат ма­кси­мал­но-доз­во­ле­на­та бр­зи­на, 58 про­цен­ти од нив го пра­ват тоа ре­тко. До­де­ка кај ма­жи­те, таа број­ка е мно­гу по­и­на­ква: од вкуп­но 1.500 ис­пи­та­ни­ци ма­жи, са­мо се­дум од­го­во­ри­ле де­ка ни­ко­гаш не ја пре­че­ко­ри­ле ма­кси­мал­но доз­во­ле­на­та бр­зи­на, што е по­мал­ку од еден про­цент, до­де­ка око­лу 400 од нив или 30 про­цен­ти од­го­во­ри­ле де­ка че­сто или се­ко­гаш ја пре­че­ко­ру­ва­ат ма­кси­мал­но доз­во­ле­на­та бр­зи­на­та.

– Иста е со­стој­ба­та и со кон­су­ми­ра­ње­то ал­ко­хо­лот – 90 про­цен­ти од же­ни­те ни­ко­гаш не упра­ву­ва­ле со сво­е­то во­зи­ло под дејс­тво на ал­ко­хол, кај ма­жи­те таа број­ка е мно­гу по­ма­ла и из­не­су­ва 50 про­цен­ти – до­да­ва Ман­чев.

На три­би­на­та по по­вод 8 Март „Же­на­та фа­ктор на без­бед­ност во со­о­бра­ќа­јот“ бе­ше по­со­че­но де­ка же­ни­те се до­бри во­за­чи, но се­ка­ко, не и со­вр­ше­ни. На тоа ука­жу­ва­ат и пре­кр­шо­ци­те што нај­че­сто ги пра­ват тие, а на­ста­ну­ва­ат по­ра­ди одв­ле­че­но вни­ма­ние.Тоа по­драз­би­ра: збо­ру­ва­ње на мо­би­лен те­ле­фон или пи­шу­ва­ње на СМС за вре­ме на упра­ву­ва­ње на мо­тор­но­то во­зи­ло, пра­ве­ње фо­то­гра­фии, коз­ме­тич­ко сре­ду­ва­ње за вре­ме на упра­ву­ва­ње со во­зи­ло­то.

Се­пак, ве­ли Ман­чев и ко­га е во пра­ша­ње ко­ри­сте­ње­то мо­бил­ни­от те­ле­фон, же­ни­те се по­од­го­вор­ни во спо­ред­ба со ма­жи­те. Слич­ни број­ки се за­бе­ле­жу­ва­ат и кај дру­ги­те по­ја­ви, кои, де­фи­ни­тив­но, ги ста­ва­ат же­ни­те во ка­те­го­ри­ја­та на по­од­го­вор­ни и по­со­вес­ни учес­ни­ци во со­о­бра­ќа­јот.Се­ри­о­зен проб­лем е не­у­по­тре­ба­та на си­гур­нос­ни­те по­ја­си, осо­бе­но ко­га се па­ту­ва на кра­тки де­сти­на­ции и во на­се­ле­но ме­сто. Се­пак, и ту­ка до­ми­ни­ра­ат не­со­вес­ни­те ма­жи во­за­чи. 65 про­цен­ти од же­ни­те се­ко­гаш ко­ри­стат по­јас, до­де­ка оваа број­ка кај ма­жи­те е зна­чи­тел­но по­ма­ла – из­не­су­ва 49 про­цен­ти.

 

По­ши­рок пар­кинг за по­го­ле­ма без­бед­ност

По­ши­ро­ки лен­ти за пар­ки­ра­ње, по­ле­сен при­стап, наз­на­ка „пар­кинг за да­ми“ – пр­ви­от пар­кинг-про­стор спе­ци­јал­но на­ме­нет за же­ни, кој се на­о­ѓа во кат­на­та га­ра­жа кај Уни­вер­зи­тет­ска­та биб­ли­о­те­ка, кре­на вре­ва. Же­ни­те се чув­ству­ваа на­вре­де­ни, ма­жи­те се мај­та­пеа на сме­тка на да­ми­те во­за­чи. Но, при­чи­на­та за овој по­се­бен про­стор е да­ле­ку од сте­ре­о­ти­пот де­ка же­ни­те се ло­ши во­за­чи. При­ват­на­та ком­па­ни­ја што ја упра­ву­ва га­ра­жа­та има на­пра­ве­но истра­жу­ва­ње на па­за­рот во тој дел од гра­дот. По­го­ле­ми­от дел од вра­бо­те­ни­те во су­до­ви­те, кои се на­о­ѓа­ат во не­по­сред­на бли­зи­на, те­а­та­рот и уни­вер­зи­тет­ска­та биб­ли­о­те­ка, се же­ни. Тие се и нај­го­ле­ма­та цел­на гру­па на га­ра­жа­та.

– Но, во Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и се­ка­де во све­тот же­ни­те се пла­шат да пар­ки­ра­ат во за­тво­рен про­стор. Стра­вот до­а­ѓа од фа­ктот што ме­ста­та не се фре­квент­ни, обич­но се не­о­свет­ле­ни и се при­род­на сре­ди­на за на­па­ѓа­чи (вклу­чи­тел­но и се­ксу­ал­ни). За­тоа се на­о­ѓа­ат на­чи­ни ка­ко да се на­пра­ват овие јав­ни ре­сур­си (пар­кинг-ме­ста­та) без­бед­ни, но и да се прив­ле­чат же­ни ка­ко кли­ен­ти. Ме­ста­та обе­ле­жа­ни за же­ни се бли­ску до из­ле­зи­те / вле­зо­ви­те, до без­бед­нос­ни­те ка­ме­ри и вед­наш до ме­ста­та на освет­лу­ва­ње. На тој на­чин се од­го­ва­ра на по­тре­ба­та на же­на­та, ко­ја е по­себ­на од по­тре­ба­та на ма­жот – из­ја­ви за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Ма­ри­ја Ри­сте­ска, ЦРПМ.

Ман­чев, пак, ве­ли де­ка пар­ки­ра­ње­то и во­зе­ње­то на­на­зад прет­ста­ву­ва­ат дел од проб­ле­ми­те со кои се со­о­чу­ва­ат же­ни­те во­за­чи, осо­бе­но по­чет­ни­ци­те, но се­пак пра­кти­ка­та и искус­тва­та по­ка­жу­ва­ат де­ка же­ни­те ги има­ат над­ми­на­то овие проб­ле­ми и де­ка со­се­ма без­бед­но и си­гур­но го из­вр­шу­ва­ат и тој сег­мент од про­це­сот на упра­ву­ва­ње на во­зи­ло­то.

– Лич­но сме­там де­ка до­кол­ку има про­стор­ни мож­но­сти би би­ло до­бро си­те пар­кинг-ме­ста да би­дат про­ши­ре­ни. Тоа, се­ка­ко, е во при­лог на си­те во­за­чи – ко­мен­ти­ра тој.

На пра­ша­ње­то да­ли ка­ко маж сме­та де­ка же­ни­те се ло­ши во­за­чи, Ман­чев ве­ли:

– Ап­со­лут­но не се сог­ла­су­вам со кон­ста­та­ци­ја­та де­ка же­ни­те, по прин­цип, се ло­ши во­за­чи. На­про­тив, сме­там де­ка се вни­ма­тел­ни и од­го­вор­ни во­за­чи. Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка же­ни­те по­мал­ку пра­ват пре­кр­шо­ци во со­о­бра­ќа­јот што има­ат фа­тал­ни пос­ле­ди­ци. Се­којд­нев­ни­те при­ме­ри, искус­тво­то и ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци тоа го по­твр­ду­ва­ат.

 

Уни­секс-про­фе­си­ја

Раз­во­јот на оп­штес­тве­ни­те про­це­си и по­тре­би ја на­мет­на об­вр­ска­та же­ни­те да зе­ма­ат актив­но учес­тво во со­о­бра­ќа­јот ка­ко во­за­чи, а со тоа, со те­кот на вре­ме­то во­зе­ње­то се транс­фор­ми­ра од ма­шка во уни­секс-про­фе­си­ја. Де­нес сѐ по­го­лем број же­ни актив­но и ус­пеш­но се за­ни­ма­ва­ат со про­фе­си­о­нал­но во­зе­ње и тоа ка­ко во­за­чи на та­кси, авто­бу­си, па ду­ри и на ка­ми­о­ни. Иа­ко нив­ни­от број не е на ед­на­кво ни­во со ма­жи­те што про­фе­си­о­нал­но се за­ни­ма­ва­ат со во­зе­ње, се­пак тие што го ра­бо­тат тоа до­ка­жу­ва­ат де­ка же­ни­те има­ат ка­па­ци­тет, зна­е­ње, мож­но­сти и спо­соб­но­сти про­фе­си­о­нал­но и ква­ли­тет­но да ја из­вр­шу­ва­ат и оваа ра­бо­та. Ман­чев ве­ру­ва де­ка бро­јот на же­ни про­фе­си­о­нал­ни во­за­чи во ид­ни­на кон­ти­ну­и­ра­но ќе рас­те.

– Исто­ри­ски, ма­жи­те, мо­же­би, има­ат упра­ву­ва­но по­ве­ќе во­зи­ла од же­ни­те, но тоа не ги пра­ви ни­ту по­до­бри ни­ту по­од­го­вор­ни учес­ни­ци во со­о­бра­ќа­јот. На кра­јот, би наг­ла­сил де­ка по­дел­ба­та на ма­жи­те и на же­ни­те во со­о­бра­ќа­јот мо­же да се пра­ви за одре­де­ни на­уч­ни или ста­ти­стич­ки це­ли, но ре­ал­но­ста и пра­кти­ка­та по­твр­ду­ва­ат де­ка без­бед­но­ста на со­о­бра­ќа­јот на па­ти­шта­та е за­ед­нич­ка и по­де­ле­на од­го­вор­ност на си­те учес­ни­ци во со­о­бра­ќа­јот, без раз­ли­ка на нив­на­та уло­га во со­о­бра­ќа­јот, а уште по­мал­ку на нив­ни­от пол, род или на­ци­о­нал­на при­пад­ност. Во со­о­бра­ќа­јот по­сто­јат са­мо до­бри и ло­ши во­за­чи. Со­вес­ни и не­со­вес­ни – до­да­ва Ман­чев.

 

Пр­ва­та же­на во­зач е од Њу­јорк

Не по­сто­јат мно­гу ин­фор­ма­ции за тоа кои се пр­ви­те же­ни во­за­чи, но се­пак, не­кои из­во­ри на­ве­ду­ва­ат де­ка пр­ва­та же­на во­зач би­ла Ге­не­вра Маџ (Genevra Mudge) од Њу­јорк, во да­леч­на­та 1899 го­ди­на. На са­ми­от по­че­то­кот тоа би­ло при­ви­ле­ги­ја са­мо на бо­га­ти­те же­ни, но важ­но е да се наг­ла­си де­ка со тоа, всуш­ност, поч­нал про­це­сот на ури­ва­ње на сте­ре­о­ти­пот за же­ни­те ка­ко ло­ши во­за­чи, од­нос­но, поч­нал про­це­сот за до­ка­жу­ва­ње на спо­соб­но­ста на же­ни­те за упра­ву­ва­ње мо­тор­ни во­зи­ла, и по­крај тоа што на по­че­то­кот фи­зич­ки­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на авто­мо­би­лот не би­ле со­од­вет­ни на по­тре­би­те на же­ни­те во­за­чи.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 184. број на неделникот „Република“, 11.03.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top