СДСМ на моменти има двојно, а некогаш и тројно водство. Тоа особено се виде во разговорите за продолжување со работата на Комисијата за настаните од 24 декември, изјави премиерот Никола Груевски. Тој смета дека во СДСМ еден човек издава една команда, а се случува нешто друго, а и тој самиот не знае што му се случило:
– Во СДСМ еден човек издава една команда, а се случува нешто друго, а и тој самиот не знае што му се случило зашто тој вели да одат на десно, а тие одат на лево. Мене ми е жал што е тоа така, особено затоа што не можеме да завршиме некои значајни работи што се важни за државата и тоа што земјата може да има последици.
Груевски посочи дека нерешавањето на прашањето со Комисијата ќе се рефлектира во следниот извештај на ЕУ, а во крајна линија може да резултира и со недобивање препорака за почеток на преговори.
– Проблемите на СДСМ внатре во партијата директно ќе се рефлектираат на проблеми во државата и тоа сериозни проблеми. Се надевам дека ќе се најде начин СДСМ внатре во партијата да се консолидира, да се договорат и да имаат едно водство во интерес на државата. Со двојното и тројното раководење не само што СДСМ ќе има проблеми, туку ќе има и државата – потенцира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски