| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката влада нема да потпише нов меморандум

грција

Новата грчка влада нема да потпише нов меморандум, но се обидува да стигне до некакво заемно прифатливо решение со партнерите до понеделник за кога е планирана редовна средба на еврогрупата, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис.

Тој нагласи дека зборот „продолжување“ на програмата се покажал како основна пречка за заедничка декларација по разговорите вчера во Брисел на министрите за финансии од еврозоната.

Тој потврди дека навистина имало телефонски разговор на министерот за финансии, Јанис Варуфакис, со премиерот Алексис Ципрас, пред да биде донесена заедничка декларација и оти било одллучено таа да биде отфрлена од грчка страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top