Најавата за потпушувањето на договорот за вклучување на Македонија во гасоводот „Јужен тек“ предизвикува големо внимание во Атина, особено поради тоа што пред извесно време рускиот гигант „Газпром“ ја исклучи Грција од проектот откако утврди дека профитот од Грците нема да ги покрие трошоците за инвестицијата, пренесе МИА од Атина.
Грчките медиуми пишувајќи за договорот кој утре во Москва ќе го потпише премиерот Никола Груевски, меѓу Македонија и Русија, се надоврзуваат на изјавата на премиерот кој истакна дека „ова е исклучително значаен проект за Македонија затоа што со ’Јужен тек’ практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Македонија“. Грчките медиуми ги пренесуваат информациите за значењето на овој договор, за поделбата на уделот во заедничката компанија, како и тоа дека допрва ќе се утврдува од каде ќе се презема гасот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
МЕР: Ќе продолжи изградбата на гасоводот за Тетово и Гостивар преку Водно
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!