ЦЕФТА ќе одржи вонреден состанок во Белград заради уредбата што ја воведе Македонија за условен увоз на пченица и брашно од Србија.
Министерот Љупчо Димовски повтори дека заштитната мерка останува во сила до предвидениот рок, 31 декември, и нема да има никакви измени. Димовски е дециден дека, и покрај најавите, мерки за македонските домати и вино од страна на Србија нема да има, пред сѐ, поради цврстите аргументи за воведувањето на уредбата.
Министерот го толкува договорот ЦЕФТА дека ако се наруши домашниот пазар за одреден производ, членките имаат можност за заштитна мерка која ќе придонесе за регулирање на пазараните односи, и на понудата и побарувачката сѐ до негово стабилизирање.
Димовски подвлече дека македонскиот пазар е либерален, но државата е обврзана да го заштити домашното производство.
Квалификувајќи ја македонската уредба како кршење на ЦЕФТА , српската индустрија на брашно излезе со податоци дека од нејзиното воведување годишно трпи три милиони евра загуба. Пресметките на „Жито Војводина“ покажале загуба од околу 600.000 евра месечно.
Србија годишно извесува 50.000 тони пченица и 45.000 тони брашно. Поради тоа, српските стопанственици побараа реципрочни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Србија и БиХ ќе ги бојкотираат состаноците на ЦЕФТА во Приштина поради зголемувањето на увозните давачки
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)


