| четврток, 6 декември 2018 |

Пет мртви, 379 повредени во судирите во Египет

Во вчерашните судири во неколку египетски градови загинаа пет лица, а 379 се повредени, соопшти Министерството за здравство.

Петтемина загинале во Суец од боева муниција, за време на судирот меѓу полицијата и демонстрантите. Но, се уште не познато дали загинатите се цивили или полицајци.

На одбележувањето од двегодишнината од протестите и соборувањето на претседателот Хосни Мубарак вчера во Египет протестираа десетина илјади луѓе против исламистичкиот претседател Мухамед Морси, кој демонстрантите го обвинуваат дека ја издал револуцијата што го довела на власт.

Во Каиро и во други места протестите станаа насилни, а полицијата употреби солзавец.

egipet 520

egipet4 (2)

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top