Софија Вергара тежи 56 килограми, а е висока 172 сантиметри. Tаа признава дека ѝ се допаѓа нејзиното голо тело и тоа сосема ѝ е доволно засега.
Мила Кунис има 52 килограми и е висока 157 сантиметри. За нејзината улога во „Црниот лебед“ била принудена да загуби 9 килограми.
– Немав никаква линија, ниту задник, ниту гради… Сè што се гледаше беа коските. Сама на себе си изгледав грозно – вели таа.
Клое Кардашијан е висока 175 сантиметри, а има околу 74 килограми. Сепак, изгледа најслабо од сите три сестри Кардашијан. Во последно време таа признава дека е на секојдневна програма за вежбање, практикува добро избалансирана диета и пие многу вода за да ја одржи својата линија.
Адел е висока 175 сантиметри со речиси 90 килограми. Адел е позната по своите облини кои во ниту еден момент не изјавила дека сака да ги намали.
-Не сакам да вежбам. Сакам да јадам вкусна храна и да пијам квалитетно вино – вели таа.
Блејк Лајви е совршено пропорционална девојка има 58 килограми и 172 сантиметри. Таа гордо признала дека речиси никогаш не се потрудила да вежба или да држи строги диети за да го постигне изгледот кој го има денес, туку само му се заблагодарува на брзиот метаболизам. Блејк признава дека има и периоди кога е опседната со храна и сè што прави додека е дома е готвењето.
Ријана има 62 килограми и е висока околу 172 сантиметри и изгледа дека е упорна во тоа да ги задржи своите облини.
-Не сакам никогаш да се ослободам од своите облини. Само сакам да ги зголемам, ако е возможно – додава таа.
Лејди Гага тежи само 47 килограми и е висока 154 сантиметри. Сепак, пред извесно време на еден нејзин настап таа призна дека се здебелила речиси 14 килограми, но, искрено, дека не ѝ е грижа. Откри дека ужива во италијанската кујна, понекогаш дури и премногу.
Ким Кардашијан пред да остане бремена тежеше 53 килограми, но висока е само 157 сантиметри. Таа имала периоди во животот кога била зависник од брза и нездрава храна, па нејзините килограми во еден момент достигнале 60 килограми.
Џесика Алба тежи 53 килограми и е висока 165 сантиметри. Изгледа како совршено пропорционална девојка, но само затоа што се придржува до строга диета во која ги избегнува мастите и јагленохидратите. Таа признава дека ретко кога консумира леб или слатки, се обидува масното месо да го замени со соја и јаде исклучително здраво приготвена храна.
Бијонсе е висока точно 170 сантиметри и тежи 58 килограми, дури и откако ја роди Блу Ајви. Таа открила дека симнала цели 20 килограми по својата бременост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.