| четврток, 6 декември 2018 |

Двегодишно девојче моли за помош, 30.000 денари за нормална функција на прстињата

devojce berovoАпел за помош пристига од последната куќа од источна Македонија, од беровско Двориште.  Во старата куќа во 4 соби исполнети со влага и со душеци за спиење живеат 16 луѓе, меѓу нив  и повеќедетното семејство на мајката Сузана. Нејзината ќерка Веска денес ја тестира хуманоста на луѓето, но и на државните институции кои пропагираат повеќедетни семејства, а знаат ли како да им овозможат достонствен  живот.

Вродениот хендикеп на рацете на двегодишната Веска се заканува да ѝ ја загрози функцијата на прстите, па детето во ова време на напредна медицина, поради сиромаштијата на нејзиното семејство и крајно потребните  30 илјади денари за операцијата, може да остане инвалид за цел живот.

Сузана Глинџурска вели дека прстите ѝ биле залепени, со операција ѝ се одлепени, но при операцијата се оштетени тетивите, па потребна е друга операција.

Бремето на сиромаштијата и тешкиот живот со сета тежина се струполило на грбот на оваа 34-годишна жена, мајка на 4 мали деца. Покрај болеста на малата Веска и посебниот режим на нејзината исхрана за што трошоците се големи, притворот на сопругот поради шверц со цигари само ја зголемува нејзината голгота.

Сузана вели дека додека бил тука сопругот се грижел за семејството, да им ги обезбеди потребните намирници.

Жиро-сметка 250-0060004306-84, Вецка Глинџурска, депонент Шпаркасе банка, експозитура Берово.

Извор: ТВ Стар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top