| четврток, 6 декември 2018 |

110 милиони евра за железничката инфраструктура

zeleznickaВо железничката инфраструктура во изминатите десет до петнаесет дена се придвижија многу работи. Се работи за повеќе проекти со вкупна вредност од околу 110 милиони евра – рече денеска премиерот Никола Груевски.

Според него најсвеж пример е проектот за набавка на вагони, како товарни така и патнички, односно 150 товарни вагони во износ од 15 милиони евра, како и шест сетови на патнички вагони во вредност од 25 милиони евра.  Груевски најави уште еден дел за реконструкција на железницата во рамки на овие 50 милиони евра.

– Исто така 2,5 милиони евра е реконструкцијата на железничката станица во Скопје, која практично никогаш досега не е реконструирана од кога е изградена. Можеби и еден од круцијалните проекти е првата фаза од железницата кон Бугарија, а тоа е Куманово-Бељаковце, за која што веќе се распиша тендер за изведба и се распиша тендер за проектирање на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка – појасни премиерот Груевски.

Сите проекти заедно и проектот за реконструкција на уште една делница во оној дел накај Неготино изнесуваат околу 110 милиони евра, договори потпишани во изминатите две недели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top