Неколку штандови синоќа останаа со празни фрижидери и буриња. Како што се очекуваше, саботната 3-та по ред вечер на пивскиот фестивал во Прилеп сруши уште еден рекорд.
Со 112 тони пиво се мезеше 41 тон скара. Околу 25 илјади возила пак кои што влегоа во градот вчера, донесоа 150 илјади гости. Публиката ги проследи настапите на Соња Тарчуловска, Миле овски, Даниела Мартиновиќ и Хали Бешлиќ.
Вечерва покрав веќе планираната програма, најавена е и модна ревија, неколку изненадувања и огромен огномет. Градоначалникот Марјан Ристески очекува дека затворањето на „Пивофест 2013“ со Горан Бреговиќ и неговиот Оркестар за свадби и погреби, ќе биде кулминација на претходните вечери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


