| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес го стресе Нов Зеланд

слкаЦела минута долгиот земјотрес го потресе Нов Зеланд, застанувајќи ги возовите и авионите и оштетувајќи повеќе згради, меѓу кои и зградата на Парламентот во Велингтон. Епицентарот на земјотесот со силина од 6,9 степени бил на неполни 60 километри јужно од главниот град. Иако има структурни оштетувања и прекини на струја, нема аларм за цунами. Нема ни извештаи за жртви.

„Се слушаа извици и паника, луѓето мислев дека тоа е уште еден Крајстчерч“, пренесува ББЦ, потсетувајќи нна земјотресот во градот каде во 2011 загинаа 185 луѓе.

Земјотресот беше најнов во серијата што ја ја потресува „долната половина“ на Нов Зеланд во последните неколку дена. Нов Зеланд лежи на озлогласениот огнен прстен, линијата на чести земјотреси и вулкански ерупции на Пацифичкиот раб. Земјата се соочува со над 14.000 земјотреси годишно, од кои само околу 20 имаат магнитуда поголема од 5,0 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top