Герет Бејл ќе биде трансфер бомбата ова лето и за сума од 80 милиони евра ќе се пресели од Тотенхем во Реал Мадрид. Договорот е завршен според информациите што ги објавија дел од шпанските медиуми, па ако се остварат најавите тоа ќе биде вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот.
Пред Бејл е само Кристијано Роналдо и неговиот фантастичен премин од Манечестер јунајтед во Реал во 2009 година за сума од 94 милиони евра. Тој рекорд се уште е ненадминлив, а Бејл опасно се приближи до идниот соиграч во „кралскиот клуб“.
Велшкиот репрезентативец може да му донесе дополнителни 10 милиони евра на Тотенхем, ако освои трофеи идната сезона со Реал Мадрид. За таков договор се изборил претстедателот на клубот од Лондон, Даниел Леви.
Бејл е млад има 23 години, а одигра извонредна сезона за Тотенхем. Иако не е класичен напаѓач Велшанецот постигна 26 гола, и буквално доминираше на терените низ Англија во 2012 година и дел од 2013. Одличните игри му ја донесоа и наградта за најдобар фудбалер во Премиерлигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Тотенхем со пет гола во мрежата на Стоук ја прекина црната серија во Англија


