| четврток, 6 декември 2018 |

По новинари, Грција почна да враќа и политичари

Лидерот на политичката партија „Македонска алијанса“, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски вечерва бил вратен од македонско-грчката граница, кај преминот Меџитлија-Ники, во обид да присуствува на семакедонскиот собир во селото Овчарани.

Грчките гранични служби не му дозволиле влез на Атанасовски со образложение дека тој претставува закана за внатрешната безбедност на Грција. Атанасовски е лидер на политичката партија „Македонска алијанса“ и се смета за еден од најголемите донатори на активностите на македонското малцинство во Албанија, Бугарија и Грција. Во два наврати се кандидираше за претседател на Македонија.

Досега грчите погранични служби спречија влез на тројца новинари: Славко Манговски, Горан Момировски и Ивана Костовска, а ова е прв пример да вратат лидер на политичка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top