| четврток, 6 декември 2018 |

Грција доби нова државна радио телевизија

Грчкиот парламент го усвои законот за основање на нова државна радиотелевизиска компанија на местото на затворената Грчка радио телевизија, јавува „Охрид прес“. „За” гласаа сите присутни пратеници од нова демократија и ПАСОК, како и независниот пратеник Андреас Ловердос. Името на новата државна телевизија ќе биде Ново грчко радио, интернет и телевизија (Нери).

Заменик-министерот за култура, Панделис Капсис, соопшти дека во понеделник ќе биде објавен конкурс за првите 500 работни места, а постепено ќе бидат ангажирани вкупно 2000 луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top