| четврток, 6 декември 2018 |

Од 31 јули чартер линија Скопје-Анталија

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), која заедно со Министерството за транспорт и врски ја претставува воздухопловната власт во Република Македонија, деновиве издаде одобрение за вршење чартер-летови на релацијата Анталија – Скопје – Анталија на турската нискотарифна авиокомпанија „Санекспрес“. Станува збор за една од најпрестижните светски авиокомпании, која е основана со заеднички капитал на „Туркиш ерлајнс“ и „Луфтханза“. За време на годинашнава летна сезона таа ќе одржува чартер-летови меѓу Скопје и Анталија, почнувајќи од 31 јули до 14 септември.
Притоа, авиокомпанијата, која поседува најмодерна авиофлота во Европа, составена од 40 воздухоплови „боинг-800“ и од типот „боинг 737-700“, ќе лета од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Анталија секои четврток и недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top