Митрополитит на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, во изјава за охридското Супер радио, искажува сомнеж дека Паско Кузман, директор на Управата за заштита на споменици на културата, направил нешто недозволено, односно дека нешто присвоил.
– Лично се сомневам дека било што направил, дека било што присвоил. Жалам што го вклучуваат во нечесни дејанија, Паско има големи заслуги за Цркавата, отсекогаш бил коректен кон МПЦ и без оглед како ќе го третираат, ние ќе му бидеме благодарни. Црквата имала периоди на добра и недоволна соработка со државните институцуии. Со Паско Кузман и кога бил само археолог и кога бил раководител на институции (Заводот и Музеј во Охрид, Управата за заштита на споменици на културата), секогаш сме имале коректна соработка – вели митрополитот Тимотеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.