| четврток, 6 декември 2018 |

Зградите ќе добиваат управители по службена должност

zgrada karpos

По службена должност ќе се назначуваат фирми-управители во зградите кои немаат формирано заедница на станари. Доколку соседите не можат да се договорат меѓу себе, доволно ќе биде само еден од нив да поднесе барање до надлежниот основен суд.

Од околу 10.000, досега речиси 4.600 згради го испочитувале законот – 1.600 одлучиле за влезот да се грижи некоја од 31 лиценцирани фирми, а 3.000 формирале сопствена заедница на станари и назначиле еден од соседите да биде управител.

Искуствата различни од зграда до зграда – едни немаат ниту формирана задница ниту огласна табла, а други и преку сопствен веб сајт информираат за се што се случува во влезот.

Доколку имаат проблеми, граѓаните можат да се обратат до Регулаторната комисија за домување, но таму досега пристигнале само 75 претставки.

Од 80, само 30 општини назначиле инспектори за домување. И тие засега не казнуваат, туку само укажуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top