Денеска скопската фризерка Благица Дончовски која измами 40 граѓани меѓу кои и јавни личности, продавајќи им фиктивни станови, седна на обвинителната клупа и низ солзи раскажа што се случувало.
Заработував одлично како фризерка и немав потреба да се занимавам со нелегален бизнис. Моите продадоа нива и барака за да си купиме стан во Аеродром. Сметката на мојот татко ја злоупотребив, тој не знаеше ништо за тоа. Кога во мое присуство вадеше пари од сметката, неколкупати ме праша од каде толку многу пари, а јас му реков да не се грижи и оти сe е легално заработено. Тој беше зафатен со лекувањето на сестра ми, која е лице со хендикеп. Правеше испитувања за да биде донатор, таа да може да се излекува, и не обрнуваше многу внимание на парите од неговата сметка”, раскажуваше обвинетата Дончевска. Сите во судницата останаа изненадени кога обвинетата фризерка рече дека ќе смени дел од изјавата. Иако во истрага кажала дека нејзиниот сегашен втор сопруг не знаел ништо за продажбата на становите, Дончевска, низ солзи, рече дека тоа го кажала за да го заштити и оти тој знаел сe за проектот.
“Парите кои ги подигавме од сметката на татко ми, ги трошеше и тој. Се коцкаше и си ги исплаќаше долговите. Од роднини позајмивме 200.000 евра за да платиме долг, а потоа им враќавме дел од парите. Јас не се луксузирав и не патував туку тој живееше во луксуз. Отвори билјард клуб и си купи џип ‘ауди’, кој потоа го стави под залог за да се коцка. Првпат во мојот живот се соочив со лихвар”, низ солзи зборуваше обвинетата фризерка, пренесе Вест.
За потсетување, Благица Дончевска, претставувајќи се како вработена во Владата на Република Македонија, презентирала проект, и за ниска цена им нудела фиктивни станови на лица со посебни потреби и на млади брачни парови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.