| четврток, 6 декември 2018 |

На никој насилно нема да му биде одземен имот во Љубаништа

mile janakievski

Денеска министерот за транспорт и врски на Македонија, Миле Јанакиески, изјави дека на никој насилно нема да му биде одземен имот во врска со земјиштето во Љубаништа.

Министерот за транспорт и врски ова го истакна во врска со изјавата на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј дека црковното земјиште во Љубаништа не е на продажба, во контест на најавената инвестиција на „Сахар груп“.

– Согласно законот, туристичката развојна зона е од јавен интерес и кога некоја област се урбанизира за јавен интерес се води постапка за експропријација така што нема насилно на никого да му одземаме имот, туку при реализацијата на стратешките проекти како што се туристичка развојна зона, изградба на автопат, железничка пруга или гасовод, ќе ги почитуваме законските прописи во државата. Сите потстапки кои ќе се преземат ќе бидат исклучиво согласно законските прописи во Македонија, нагласи Јанакиески.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Јанакиески посочи дека во постапка е процесот на урбанизација на земјиштето и оти прво треба да се види дали со опфатот ќе биде зафатено и земјиште на црквата.

– Прво треба да се определи опфатот, а потоа да видиме дали тој опфат ќе има земјиште на црквата или не. Доколку има земјиште на црквата ќе ги почитуваме сите законски прописи и на никој нема да му биде одземен имот како што и досега оваа Влада нема одземено имот, без да се даде определен надомест, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top