Работата на Комисијата не е проблематизирана со оставката на Давитковски, посочува членот на Комисијата, Илија Димовски.
– Можеме да продолжиме со работа и без претседателот Борче Давитковски, со четирите члена на Комисијата – изјави Димовски.
Димовски соопшти дека вчеравечер, по најавата за оставка на претседателот на Комисијата, Груевски и Заев телефонски разговарале за оваа, нова состојба и се договориле Љубомир Фрчкоски и Илија Димовски да бидат лица за контакт кои би се ангажирале да ја договарат работата на Комисијата.
Оваа изјава е спротивна од изјавата на Фрчковски, кој посочи дека при оставка на Давитковски „експертската комисија запира со работа“.
И Давитковски во својата изјава денеска посочува дека „Комисијата со 4 гласа и без мене може да ја заврши работата без мене“.
Давитковски не успеа да ги образложи лично причините за својата намера за оставка на претседателот на државата поради негови обврски, по што следеа низа изјави од сите инволвирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт