| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт

Во денешните вести на телевизија Алфа од пред Владата гостин беше членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Тој најави дека на денешниот протест учество покрај членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе земат и многу други граѓани кои се загрижени околу насоката во која што се движи државата, граѓаните кои се свесни дека Зоран Заев води погубни економски, социјални, здравствени политики.

-Во суштина оваа власт води една погубна политика, која што доколку во најскоро време не сопре нема да имаме добра иднина во оваа држава. Вечерва на протестот ќе бидат присутни луѓе во толкав број, во кој што сметам дека ќе бидеме сведоци на најмасовниот митинг во историјата кој досега се одржал, изјави Димовски.

Тој кажа дека и покрај бројните притисоци кои ги имал да не присуствуваат, ќе има многу луѓе не само од Скопје, туку и од внатрешноста на државата.

-Во поддршка на денешниот протестен собир денеска во веќе во седум метрополи во Европа се излезени луѓе Македонци во поддршка на вечерашниот протест, но и изразуваат свое незадоволство од политиките кои ги води оваа ненародна власт. Можам да кажам дека огромна поддршка добиваме и во пораките кои ги добиваме од нашите, од Македонците во светот, пораките кои што стигнуваат на социјалните мрежи, директно на нашите мејлови, изјави Димовски.

Димовски кажа дека незадоволството ќе биде изразено против политиките кои што ги води оваа власт, поради погубните политики, посебно поради политиките кои ги води оваа власт, поради предавничките политики кои ги води власта.

-Генерално пораките кои што ќе бидат пратени вечерва од протестниот собир се во слабостите и пропустите кои што владата ги прави во делот на економијата, образованието, социјалната политика, здравството. Но јас би оставил главните поенти и главната порака да ги искаже вечер на протестниот собир претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, изјави Димовски.

Тој кажа дека секојдневно се случуваат секакви работи за кои не може да се премолчи.

-Секој ден има за што да зборуваме, секој ден има за што да се плашиме, жално е ова што се случува. На ова мора да му дојде крајот, од вечерва па натаму е крајот на целата оваа погубна политика, која ја предводи Зоран Заев на чело со власта која ја предводи Зоран Заев, изјави Димовски.

Димовски кажа дека на една од последните седници на ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го помине ова лето работно, да се сретнат со граѓаните на државата, да ги слушнат нивните проблеми, нивните потреби, од што би произлегла добар дел од програмата за следните избори, за кои како што кажа дека се надева дека ќе бидат што порано.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека нема да оди на летен одмор ова лето, членовите ИК го поддржаа и се согласија да бидеме тука за граѓаните и да се обидеме да го сопреме ова водење на погубни политики од оваа власт, отколку да поминеме 10-15 или 20 дена на годишен одмор, изјави Димовски.

Тој му порача на премиерот Заев да ги запише пораките од вечерашниот собир, бидејќи тие ќе му бидат секојдневие во наредниот период како што кажа Димовски. Тој порача дека премиерот во многу брзо време ќе се разбуди во една нова Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top