Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на церемонија по завршувањето на браната „Кнежево“ од хидросистемот Злетовица. Висината на каменонасипната брана кај Кнежево е 75 метри со должина на круната 300 метри. Браната акумулира 23,5 милиони кубни метри вода. Акумулацијата е долга 4 километри. Со искористување на водите од сливот на реката Злетовица се обезбедува вода за пиење за околу 100.000 жители од овој регион- Кратово, Штип, Свети Николе, карбинци, Лозово.
Хидросистемот Злетовица е повеќенаменски проект, каде покрај користењето на вода за пиење, ќе се изгради и сложена мрежа за наводнување во должина од 75 километри а, пак, во третата фаза, планирана е изградба на повеќе мини-хидроцентрали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


