| четврток, 6 декември 2018 |

Џемпер од 350 евра на „попуст“ во Скопје

Џемпер од 26.800 денари, со попуст се продаваше во Скопје за 21.440 денари, на традиционалниот црн петок минатата недела. На официјалната Фејбсук страница на трговскиот центар е објавена фотографија од џемперот со двете цени.
Она што е интересно се оригиналните коментари под фотографијата:
-Дали може на 48 рати, вели еден од нив.

-Со бубрег може ли да платам, Дали џамаданчево чува од магии, Може ли трампа за Голф 3, Ова е цена за целиот рафт, се дел од оргиналните коментари на граѓаните.
Еден од нив прашува дали мечето на џемперот поткажува на испити, а друг дали во ова цена влегува и зимување на Алпите.

-Замена за стан во Македонски брод, „Со овие пари Југо ќе купам“, „Дали пајак го плетел“ се дел од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top