Марк Робер кој порано работел во НАСА, креираше џемпер со кој ги изненади вљубениците во новите технологии. Тој порано цели девет години работел на роверот „Кјуриосити“, но решил да ја напушти НАСА и да му се посвети на тргувањето преку интернет.
Дизајнира и продава иновативна облека, а негов најнов изум се плетените џемпери со мал џеб за smartphone на предната страна, а кои купувачите само избираат апликации од петте кои се понудени. Во моментов се актуелни божиќните џемпери кои доаѓаат со апликација која на екранот на телефонот прикажува оган кој гори во камин.
– Супер е да се градат вселенски бродови, но има огромно задоволство и во добивањето на пораки од воодушевените купувачи, вели Робер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.