Синот на сопственикот на српската телевизија „Пинк“, Жељко Митровиќ, 20-годишниот Александар, со теренско возило на телевизијата усмртил малолетничка на пешачки премин, по што веднаш побегнал од местото на несреќата, пренесуваат српските медиуми.
Два часа подоцна, во придружба на адвокатот, тој се појавил во белградската полиција, каде што по сослушувањето му е одреден притвор.
– Мојот син синоќа усмртил девојка и побегнал – рекол Жељко Митровиќ.
На помладиот Митровиќ му е земена крв за анализа, а првичните вештачења покажуваат дека не бил пијан.
17-годишната девојката е убиена на пешачкиот премин откако на неа налетало возилото коешто се движело со голема брзина. Возачот, пак, наместо да застане, додал гас и побегнал, велат очевидците.
Полицијата веднаш направила увид за да го идентификува возачот кој ја убил девојката.
Александар е син на Жељко од првиот брак со Соња Митровиќ-Хани, а возачкиот испит го положил минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца