Двајца министри, за финансии Зоран Ставрески и за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе го пуштат во употреба магистралниот пат Радовиш-Струмица. Вредноста на целокупниот проект изнесува околу седум милиони евра. Магистралата има шест мостови, два подпатници и еден натпатник, клучки кај Калуѓерица и кај Радичево, канали и објекти за одводнување.
За завршување на магистралата А4 (М-6) се задоцни една година откако Агенцијата за државни патишта мораше да распише нов тендер заради неисполнување на преземените обврски започнати 2009 од хрватската компанија „Ингра“. По повторениот тендер Градежната компанија „Гранит“ од Скопје ги заврши преостанатите 10 километри, односно делницата помеѓу Сурдулци и Радичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид


