| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните ја губат довербата во СЈО

Расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудството, покажува анкетата на Телма и МЦМС изработена од М Проспект. Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61 % немаат доверба, безмалку половина – 28,3 % процентни или 32,7 отсто имаат доверба. Колку доверба имате во судството? Мнозинство – 61,4 % одговориле дека немаат доверба во судскиот систем а 33, 3 отсто имаат доверба.

Мнозинство од 53,5 % од граѓаните немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имаше голема поддршка.

Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top