| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски на средба со здруженијата на лица со посебни потреби по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби (галерија)

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претставници ВМРО-ДПМНЕ од Интер-парламнтарната пратеничка група, Унијата на жени и членови на Комисијата за труд и социјална политика на партијата остварија средба со претставници на здруженијата и oрганизации на лица со посебни потреби, по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби 3-ти декември.

На состанокот беше разговарано за потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во Република Македонија. Беше потенцирано дека Предлог законот за социјална заштита на Министерството за труд и социјална политика целосно е спротивен на заложбите на здруженијата, ја прекршува Kонвенцијата на ОН за правата на лицата со посебни потреби која Република Македонија ја ратификуваше во 2011 година и им ги крати правата и можностите кои што до сега ги уживале.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека партијата останува посветена на решавање на проблемите како и во минатото така и во иднина. Беше потенцирано дека владата на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот период превземала низа на мерки во таа насока како воведувањето на паричните права, додаток за слепило, додаток за глувост, додаток за мобилност, додаток на лица со квадриплегија, можности за вработување, обуки и серија други мерки и поволности.

ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период, во отсуство на јасна визија од страна на Владата и ресорното министерство за унапредување и олеснување на можностите на оваа целна група, ќе превземе проактивна улога, искористувајќи ги сите демократски алатки за креирање и носење политики и закони во кои ќе има решенија за унапредување и еднаквост на правата на лицата со посебни потреби. Во оваа насока пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе неколку амандмани на предлог Буџетот за 2019 година со кои се бара зголемување на износите на правата за овие лица и останатите лица во социјален ризик, согласно со искажаните потреби на претставниците на здруженијата кои ги застапуваат интересите на лицата со посебни потреби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top