| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција на прашањето дали има вистина во шпекулациите дека власта се обидува на најразлични начини да ги убеди пратениците да гласаат за уставните измени, тој одговори:

-Самиот факт што во јавноста има сомнеж дека некој тргува со правдата и правото говори дека во оваа држава ниту има правда, ниту има правдина. Не би коментирал понатаму што се се случува во оваа држава, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top