| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Законот за ратификација на договорот со Грција ќе биде испратен без потпис од Иванов

Неизвесно е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го одржи редовното годишно обраќање во Собранието на Македонија. Терминот не е договорен, а како што информира на средба со новинарите собранискиот спикер Талат Џафери, од кабинетот на Иванов досега не е испратено писмо за одредување термин за негово обраќање пред пратениците.

Џафери вели дека Иванов нема обврска да се обрати во Парламентот туку дека тоа е негово право. Во декември Собранито има планирано три седници, евентуално четири до пет, вклучувајќи и за обраќање на Иванов, доколку побара.

Мандатот на Иванов истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани највератно на крајот на јануари или почетокот на февруари, информира Џафери.

Во врска со Договорот од Преспа, за кој законот за ратификација нема потпис од претседателот на државата, и не е доставен во Службен весник, Џафери рече дека ќе биде испратен без потпис на Иванов, но не прецизираше кога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top