| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Тежината и долгорочноста на решението за името поважни од брзината

Наспроти впечатокот дека се прави сè за Македонија да го надмине проблемот што Грција го има со нејзиното име за да го фати возот за НАТО, собранискиот спикер Талат Џафери смета дека брзината на решението е помалку важна од неговата суштина.
-Се надеваме дека ќе се најде решение што е прифатливо за двете страни. Во тоа не е најважна брзината, туку тежината и долгорочноста на решението. Сметам дека не би требало да се оптоваруваме со временската димензија, туку со суштинските работи -изјави тој по приемот од својата српска колешка Маја Гојковиќ во Белград.
Џафери истакна и дека не може да се очекува стопроцентна согласност на сите во Македонија, „но имајќи предвид дека мнозинството граѓани стојат зад потребата за решавање на проблемот, не треба да се очекува нестабилност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top