На грчките новинари им пречи тоа што провлaдините медиуми во Македонија го обвиниле Самарас за ароганција, истакнувајќи дека грчкиот премиер ги одбил предлозите на Груевски за создавање работни групи предводени од премиерите на двете земји, кои преку интензивни консултации со медијаторот Метју Нимиц би нашле решение на прашањето за името, пренесува МИА.
– Провладините медиуми во Скопје коментираат дека негативниот одговор на Самарас ја потврдува индифeрентноста на грчката страна за прашањето за името – пишуваат грчките медиуми, меѓу кои и весниците „Катимерини“ и „Експрес“.
Во Грција денеска се пренесува и изјавата од македонското МНР дека Самарас во одговорот претпочита да нема фокусирање врз потребата од напредок и позитивно придвижување во процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски