| четврток, 6 декември 2018 |

Елката на Рокфелер со ѕвезда од 3 милиони „swarovski“ кристали светна во Њујорк

Ѕвезда создадена од 3 милиони „swarovski“ кристали и тешка дури 400 кг вчера блесна на врвот на новогодишната елка во „Rockefeller center“, кој е светски познат симбол за празничната атмосфера во Њујорк.

Елката е долга 21-метар, тежи 12 тони, а стара е 75 години и ја красат шарени лед сијалици долги 8 километри.

Оваа година, сијаличките за првпат беа запалени на 28. Ноември, а копчето го вклучи градоначалникот на Њујорк.

Оваа церемонија „Rockefeller“ центарот ја одржува од 1931 годинa и е еден од најубавите периоди во годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top