| четврток, 6 декември 2018 |

Камерен концерт во салонот на КИЦ на Република Македонија во Софија

Во салонот на КИЦ на РМ во Софија, на 20 ноември 2018 со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи концертот со наслов „Современа фантазија“.

Певиците Маја Митровска и Марина Коруновска, и нивната придружба на пијано от Александра Јанковска ќе ги претстават делата на подеднакво застапените во програмата на концертот македонски и бугарски композитори. Пред љубителите на класичната музика и вокалното творештво, како и сценскомузичкото, кое се потпира врз богатите вредности на фолклорот, ќе бидат изведени арии, дуети и дела за пијано од композиторите Георги Златев, Тодор Скаловски, Кирил Македонски, Трајко Прокопиев, Панчо Владигеров, Иван Маринов, Давор Неќак, Љубомир Бранѓолица, Љубомир Пипков, Борјан Цанев и Сотир Голабовски, а исто така премиерно ќе биде претставена новокомпонирана соло песна.

Маја Митровска и Марина Коруновска често настапуваат самостојно, но исто така и како дует. Покрај гостувањата како дуо на повеќе културни збиднувања во Битола, имаат одржано и два целовечерни концерти. Нивниот проект со наслов „Гершвин како инспирација” е поддржан од Министреството за култура и е одржан во повеќе градови низ Република Македонија. Концертите на овие две певици се интересни, заради атрактивноста на препознатливите дела за широката публика и сценскиот настап. Нивната соработка со пијанистката Александра Јанковска започна пред неколку години, а за проектот „Современа фантазија“ секојдневно музицираат и работат на својата уметничката доизградба.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top