Таткото на Дарко Лазиќ, Милан, минатата недела од болницата во Земун ја исфрлил снаата Ана Севиќ и и порачал дека ни под разно не сака да ја види крај својот син.
Како што се дознава тој е револтиран поради тоа што пејачката на своја рака го запрела давањето крв за неговиот син и тоа во моментот додека бил во кома и се борел за живот после тешката сообраќајна несреќа која ја доживе на 23 октомври.
-Милан, како и целото семејство нема мир откако Дарко доживеа сообраќајка. Или се во болница или седат дома загрижени и му се молат на Бога нешто да не тргне на лошо. Минатата недела Милан ги изгубил живците поради одредени луѓе. Решил да направи чистка, а меѓу оние кои веќе не сака да ги види е и Ана. И порачал да не доаѓа во болницата, бидејќи само прави проблеми. Тое не се скарани, ниту се разменети тешки зборови, но Милан и порачал дека е непожелна. Од тој ден таа веќе не се појави во болницата. Тој не може да и прости што им порачала на луѓето да не даваат крв за Дарко, со изговор дека не му е потребна. Нему ни сега не му е јасно зошто тоа го направила. Со својата објава Ана внесе збрка меѓу луѓето од цела Србија кои сакаа да помогнат, а на крајот не дојдоа бидејќи поверуваа во нејзините зборови- рекол извор близок на семејството Лазиќ.
Но татко му на Дарко не го изнервирала само објавата на Ана. Капка која ја прелила чашата е сознанието дека Ана веќе првиот ден на несреќата го проверувала осигурувањето на Дарко.
-Тука многу падна во очите на Милан. Тој и сопругата, мајката на Дарко, се свесни дека бракот на Ана и Дарко е готов, но сепак од нејзина страна било човечки да не се рапрашува за наплата од осигурувањето. Се изненадија и кога им кажаа дека отишла но концерт. Додека таткото на нејзиното дете е во тешка состојба, таа се забавува- завршил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.