| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од 5,3 степени го погоди Нов Зеланд

 zemjotresЗемјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихеровата скала денеска го погоди главниот град на Нов Зеланд, Велингтон.

Засега нема известување за повредени или за поголема материјална штета.

Земјотресот се почувствувал во целиот централен дел на Нов Зеланд, а траел дваесетина секунди.

Епицентарот на потресот бил на 34 километри источно од градот Бленхајм, на длабочина од 16 километри.

Нов Зеланд се наоѓа во пацифичкиот „огнен прстен“ во кој има чести сеизмички активности.

Последниот голем земјотрес што го погоди градот Крајсчрч во 2011 година однесе 185 животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top