Уличните трки со автомобили се „илегална атракција“ секаде низ светот. Но вакви информации за трагедии би требало да влијаат на совеста на„тркачите“.
Незапаметена трагедија ја потресе Филаделфија, САД, кога улични трки убиј цело семејство.
На смрт беа прегазени 27 годишна мајка со три сина. Четвртото синче е поведено. Полицијата истажува дали возачот на Аудито всушност се тркал низ опасниот булевар Рузвелт. Сведоци тврдат дека се одвивал трка меѓу Ауди и Хонда, додека мајкта со 4 деца го поминувала булеварот среде бел ден.
Ударот бил толку силен што телата одлетале 60 метри подалеку. Мајката и 23 месечно бебе починале на лице место, трите други деца биле пренесени в болница, но 4 годишниот и најмалиот, 9 месечниот син починале по пат, додека најстариот син преживеал.
Уапсени се двајцата возачи, на воздраст од 23 и од 30 години, обвинети за повеќекратно убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании