| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Проектот Џумајлија е реалност

getImageThumbnailПроектот Џумајлија за неколку месеци, ќе стане реалност, инвестиција од 200 милиони евра, која ќе донесе 2 илјади  вработувања, тврди министерот за земјоделство Љупчо Димовски за Сител.  Индиската Сахара Груп на 5,000 хектари ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Целокупната документација, вклучувајќи ја и банкарската гаранција, вредна 3 милиони евра, издадена од  Сосиете Женерал, се доставени. Сахара Груп ќе го користи земјиштето 15 години а на државата годишно ќе и плаќа 121 илјади евра за закуп.

-Закупецот е должен да има најмалку 8000 грла крави во првите 18 месеци по влегување на сила на овој договор, а во рок од 3 години бројот да достигне до 20.000 грла крави; Закупецот е должен да има производство на млеко, со капацитет од 80.000 литри на ден. Закупецот е должен да вработи 900 вработени во првите 18 месеци по влегување на сила на овој договор, а во рок од 3 години бројот на вработени да достигне 2.000 вработени. Закупецот е должен да инвестира најмалку 200.000.000 евра за 3 години по влегување на сила на овој договор,од кои најмалку 60.000.000 евра во првите 18 месеци, 70.000.000 евра до истекот на 27 месеци и 70.000.000 евра до истекот на 36 месеци, посочи министерот  Димовски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top