Еден од најнезгодните противници на Македонија за пласман во А дивизијата од Европското првенство падна лесно.
Со удар за 3 но и со одлична игра во сите сегменти јуниорската кошаркарска репрезентација до 18 години која во Струмица учествува на Европското првенство , Б-дивизија убедливо ја совлада Унгарија со 76-63.
Селекторот Мирза Куртовиќ особено може да биде задоволен од борбеноста и со прецизноста во ударот за три поени од каде Македонија постигна дури 30 поени.
Во Македонскиот тим најдобри беа Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Љубомир Младеновски а одлична партија прикажаа и Дарио Митров и Даниел Начевски.
Утре Македонија ќе одмара а со Данска играме в недела во 18.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.