| четврток, 6 декември 2018 |

Што и да е, само да е син: Дарко Лазиќ не престанува да плаче!

Дарко Лазиќ после сознанието дека по втор пат ќе стане татко не престанува да плаче од среќа. Тој сега сака што побрзо да закрепне од тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа на 23 октомври како би бил крај свршеницата Марина Гагиќ.

Како што се дознава, пејачот е пресреќен поради бременоста  на Марина, што му дава дополнителна сила за тешката борба и сака неговото второ дете да биде син. Со оглед на тоа што веќе ја има ќерката Лорена, која ја доби во бракот со Ана Севиќ, неговите пријатели не се чудат што посакува да има наследник.

Инаку Дарко испланирал веднаш после разводот од Ана, да се ожени со Марина и направи голема свадбена веселба.

Тој после сознанието дека свршеницата е трудна, ја врати насмевката на лицето и почнал да се шегува со медицинскиот персонал.

-Нека е живо и здраво и нека биде син-се шегувал Дарко кога медицинските сестри му честитале.

-Најсреќен сум на светот и покрај се што се случи. Би сакал да биде син, но ако не биде така, бебето ќе го сакам најмногу на свет. Мојата Марина е најдобра, многу ме усреќи. Јас сум кретен, најголем на светот, се можев да упропастам – коментирал Лазиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top