| четврток, 6 декември 2018 |

Му се исплатеше скандалот – ќе ви се заврти во глава од парите кои Дарко Лазиќ ги зема за настап!

Малку кој можеше да претпостави дека фолкерот Дарко Лазиќ ќе извлече најголема корист од скандалот кој со денови ги полни таблоидите. Имено, популарноста на некогашниот победник на „Ѕвездите на Гранд“, после скандалозната снимка на која се гледа како фолкерот наводно шмрка бел прав, само расте, а интересирањето за неговиот настап сега е поголемо од било кога.

Владимир Жуниќ, долгогодишен менаџер на Дарко, вели дека распоредот на настапи на фолкерот е закажан со месеци однапред, а наместо досегашните 6.000 евра, Лазиќ после скандалот настапите ги наплаќа по 10.000 евра.

-Кој и да сакаше да ја уништи неговата репутација, само му направи услуга. Сега го бараат буквално од сите страни. По моја проценка, сега е четири пати побаран отколку пред целава збрка, а цената на неговиот настап може само да расте. Едноставно луѓето сакаат да го слушаат и не прашуваат колку чини – вели Жуниќ.

-Од друга страна, нему и тоа како му годи малку да се тргне од целото ова лудило, па наместо да се нервира, заклучи дека е подобро енергијата да ја троши на настапи. Повеќе од било кога е посветен на својата кариера-вели соговорникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top