| четврток, 6 декември 2018 |

Родители повторно патролираат

videoimg107548Одделението за превенција при СВР Скопје од вечерва во 21:30 повторно почнува со организација на родителска патрола.

Родителската патрола ќе започне од платото пред зградата на СВР Скопје лоцирана на ул.Ангел Димовски бр.8 и ќе ги обиколи местата што претходно се предложени од страна на родителите на подрачје на Полициската станица – Аеродром.

Патролата ќе се движи пеш од СВР Скопје и ќе бидат посетени ОУ „Љубен Лапе” и „Ѓорѓија Пулевски”, паркот на езерцата, на кеј кај авиончето и преку паркот во ПС Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top