| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Битолчанец загина, а Гркиња е повредена

полицијаБитолчанец го загубил животот, а државјанка на Грција е потешко повредена во сообраќајна несреќа што попладнево се случила близина на битолското село Жабени, на меѓународниот патен правец од  Македонија кон Грција.

Причините за директниот судар на „Југо“ со македонски  таблички и  „Нисан“ со грчки регистарски таблици се уште се испитуваат. На самото место загинал 49 годишниот битолчанец Томе К., додека потешко повредена е државјанка на Република Грција на која во моментов и се овозмужува лекарска помош во Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“-Битола. Според првичните информации повреден бил и нејзиниот сопруг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top