| четврток, 6 декември 2018 |

Писмото од Самарас стигнало вчера

mnr-500Одговорот од грчкиот премиер Андонис Самарас до премиерот Никола Груевски пристигнал вчера. Во него Самарас не покажува расположение за фокусиран и интензивен дијалог за надминување на спорот во рамки на процесот во ОН.

– Ние сме целосно насочени кон надминување на сите можни несогласувања, вклучително и овој вештачки наметнат спор. Токму затоа и поведовме иницијатива за дијалог на највисоко ниво и желба за решавање на проблеми. Тоа подразбира целосна посветеност и желба за евроинтеграција на регионот. Самарас на ваков начин не потврдува дека тоа истото го посакува. Претпочита да нема фокусирање врз потребата од напредок и позитивно придвижување во процесот.Сметаме дека сега е потребна поголема посветеност и однос кој ги зближува нашите земји и го интегрира регионот во обединета Европа. Во овој правец уште повеќе ќе ги засилиме нашите заложби, истакнуваат од МНР за МИА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top