„Ѕверови од јужната дивина“ (Beasts of the Southern Wild) со четири номинации за Оскар, покажа дека Санденс фестивалот е вистинското место за „лансирање“ на независен филм. Така, на главната улица се забележани Никол Кидман, Даниел Редклиф, Џулијан Мур, Фелисити Џонс, Гордон-Левит, пренесува Индепендент.
Сепак, во најконтроверзниот филм нема ѕвезди, иако неговите главни актери велат дека имаат „Поголемо обезбедување од Никол Кидман“, која глуми во Стокер (Stoker).
Обезбедување и детектори за метал ја пречекаа публиката на светската премиера на филмот „После Тилер“ (After Tiller) документарен филм за четворицата американски доктори кои вршат легални абортуси во поодмината бременост. Името се однесува на доктор Џорџ Тилер, убиен во 2009, потсетувајќи на ризикот на овие доктори, кои што во филмот откриваат непознати податоци зачинети со исповеди на пациенти.
Нивното појавување на фестивалот, се смета за висок ризик.
Овој филм следи по прикажувањето на „Вајма“ (Wajma), преведен како „Приказна за авганистанска љубов“ (An Afghan Love Story), драматична ужасна приказна за Вајна, девојка која не може да ја прекине бременоста во нејзината земја, а заради тоа се соочува со смрт.
Индепендент за случувањата од фестивалот ги издвојува и „Ликот на љубовта“ (The Look of Love) за британскиот богаташ, порнографскиот магнат Пол Рејмонд;
потоа биографскиот филм „Лавлејс“ (Lovelace) за Линда Лавлејс, една од најголемите порно ѕвезди; како и „Убиј ги своите сакани“ (Kill Your Darlings), во кој Даниел Ретклиф го глуми младиот Ален Гинсберг, поет и икона на хипи движењето.
За крај на прегледот од Санденс фестивалот, Индепендет го наведува „Остинленд“ (Austenland)- филм за гледање и смеење, филм за жена опседната од серијата „Гордост и предрасуда“ која во паркот посветен Џејн Остин трага по нејзиниот перфектен џентлмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


