| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се спасуваат лица при пороен дожд крај реката Кумановка

Симулациска вежба за спасување на лица при пороен дожд ќе се одржи денеска крај реката Кумановка, која понекогаш се излева во градското подрачје и ги поплавува околните куќи. Министерот за здравство, Венко Филипче во 12.00 часот ќе присуствува на симулациска вежба, која се одржува во Куманово (населба „Средорек“), соопштија од Министерството за здравство.

Вежбата ја спроведуваат Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација (СЗО) и Фонодот за население на Обединети нации (УНФПА), а ќе присуствуваат и високи претставници на овие меѓународни организации.

Целта на симулациската вежба е да се зајакнат капацитетите на тимовите за укажување итна медицинска помош во Куманово, да се одговори на потребите за време на поплава. Вежбата вклучува координирање на активностите на повеќето тимови, тестирање на итните медицински служби и капацитетот на одговор при итни состојби на оперативните тимови во Куманово, унапредување на координацијата, комуникацијата и соработката меѓу разните институции и чинители, идентификување на силните и слабите страни, како и можностите за подобрување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top