Наводите во писмото на премиерот Самарас до премиерот Никола Груевски, оние што се пренесени во медиумите, укажуваат за неконструктивноста на Грција во спорот со Македонија – смета најголемата опозициска партија во Македонија, СДСМ, по објавувањето на одговорот кој грчкиот премиер Андонис Самарас го испрати на писмото на премиеро Никола Груевски.
СДСМ смета дека со непринципиелноста на грчката страна и злоупотреба на позицијата на членство во ЕУ и НАТО, спротивни на стандардите и принципите на Унијата и Алијансата, неопходно е да бидат запознаени меѓународната заедница и инволвираните во обидите за наоѓање решени. СДСМ инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во земјава и да презентира во каква фаза се преговорите и какви се позициите на македонската страна во спорот со Грција.
– Никој, па ниту премиерот Груевски, претседателот Иванов и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нема право на ексклузивно авторство и на затвореност по ова прашање од суштинско значење за земјата – истакнуваат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


