Паско Кузман ја нуди својата куќа за слобода. Неговиот адвокат Александар Новаковски потврдува дека куќата во која живее семејството на Кузман ќе биде понудена како гаранција за укинување на куќниот притвор. Тој во изјава за „Канал 5“ вели дека пред да се даде гаранцијата, овластен проценител ќе треба да ја одреди вредноста на имотот. Новаковски веќе поднел жалба на куќниот притвор, а најави жалба и на барањето за спроведување истрага.
Паско беше приведен во понеделникот и по исказот пред истражниот судија му беше одреден куќен притвор. Судот проценил дека постои опасност од бегство, но поради возраста, тоа што дал целосна одбрана и затоа што обвинителството го повлекло предлогот за притвор му беше одреден домашен притвор.
Познатиот археолог е осомничен дека ја злоупотребил службената положба како директор на Управата за заштита на културното наследство, односно дека нелегално давал дозволи за ископување археолошки локалитети и го оштетил буџетот за повеќе од 1 милион денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.