Вечерва во рамките на Фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на македонски уметници по повод одбележувањето на јубилејот-70 години од раѓањето на Ристо Аврамовски.
Ристо Аврамовски зад себе остави огромен број дела за нашата културна традиција
– Аврамовски беше и ќе остане една блескава ѕвезда која светеше и сеуште не згаснува и сјае над неговата сакана земја Македонија. Како врвен интелектуалец се бореше до крај за иднината на својата земја. Целото негово творештво, кое содржи над 150 дела, е еден завет кон овој народ, еден дел од културното неследство на ова поднебје на сончева Македонија. Неговото огромно творештво ги опфаќа сите жанрови на музиката, од најкрупна оркестарска до најмала солистичка форма, осум симфонии, оркестарски дела, две опери, балетот „Болен Дојчин “ и „Лидија од Македонија“ до камерни состави и оркестри, до хорски солистички творби. Остави многу музика за филм, драми, историска музика, хорски, детски и солистички творби, раскажа за својот сопруг, познатиот македонски сопран Емилија Аврамовска денеска пред Концертот на македонски уметници по повод јубилејот, 70 години од раѓањето на Ристо Аврамовски, рече на денешната среба со новинарите Емилија Аврамовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


